МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ ЗА
ГОЛЕМИ ЕЛЕКТРИЧНИ СИСТЕМИ ВО СИГРЕ
Торпедо СОЛАР ГТ Битола

 ©2014 MAKO CIGRE

Услови за користење


Browser: Unrecognized browser!
Compatible browsers:
Firefox & Chrome
Check your browser
Visits: 12594

Web hosting

Neotel


Свечено собрание на МАКО СИГРЕ

Свеченото собрание на МАКО СИГРЕ, како централен настан на прославата на 20 години од основањето на Здружението, ќе се одржи на 9 октомври 2014 година со почеток во 18:45 во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Повеќе ...


Членување во МАКО СИГРЕ

Сите информации како да станете член на МАКО СИГРЕ или информациите поврзани со членството можете да ги најдете во секцијата Членови.


20 години МАКО СИГРЕ

МАКО СИГРЕ оваа година прославува 20 години од основањето. Во овие 20 години организиравме 8 советувања и повеќе други активности.

Повеќе ...


9. Советување на МАКО СИГРЕ 2015


9. Советување на МАКО СИГРЕ ќе се одржи во периодот од 27 до 29 септември 2015 година во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид.

Повеќе ...


СИГРЕ конференции

Во следната година има повеќе конференции организирани од СИГРЕ или одделни национални комитети што можат да бидат од ваш интерес.

Повеќе ...


Добредојдовте во МАКО СИГРЕ

Почитувани посетители на нашата веб страница,

во името на членовите на МАКО СИГРЕ и мое лично име Ви пожелувам добредојдовте.

МАКО СИГРЕ оваа година прославува 20 години од основањето. Во овие 20 години организиравме 8 советувања и повеќе други активности.

Во последниве неколку години МАКО СИГРЕ е фокусиран и на приближување кон најмладите членови на академската средина - студентите, особено тие што се одлучиле да се занимаваат со електроенергетика.

Од 2012 година МАКО СИГРЕ доделува награди за најдобрите дипломирани студенти од електроенергетските студиски програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ) и Техничкиот факултет во Битола.
Од академската 2013/2014 година започнавме да доделуваме и една (скромна) стипендија за најдобро рангираниот запишан студент на некоја од електроенергетските студиски програми на ФЕИТ. Планот е во иднина да го зголемиме бројот на стипендисти.
Активно ги подржуваме и другите студентските активности. Така, во 2013 и 2014 година бевме спонзори и коорганизатори на првата и втората студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕЕОР).

Сметаме дека во изминатиот период е направено многу, а во оваа јубилејна година сакаме да направиме голем број активности со кои ќе го одбележиме јубилејот, но и да поставиме други (повисоки) стандарди за нашите активности во иднина.

За 20. годишниот јубилеј предвидуваме 20 активности, како што се свечени седници на органите на МАКО СИГРЕ, стручни посети, тематски трибини на актуелни теми, технички презентации на компаниите што работат во електроенергетскиот сектор, социјални активноси и др. Централна манифестација ќе биде свечената седница на Собранието на МАКО СИГРЕ што ќе се одржи на 9 октомври 2014 година.

Поголем дел од активностите се наменети за пошироката јавност, но дел од нив се наменети само за членовите на МАКО СИГРЕ.

На веб порталот (во делот 20 години МАКО СИГРЕ) ќе ги најдете сите поединости поврзани со овие активности, а членовите на МАКО СИГРЕ ќе бидат редовно известувани преку електронска пошта.

Повеќе информации за МАКО СИГРЕ и СИГРЕ можете да најдете на следната врска.

Со почит,
Рубин Талески
Претседател на МАКО СИГРЕ


МАКО СИГРЕ е во постапка на редизајнирање на веб порталот.
Се извинуваме ако некои страници се повремено недостапни!

Одделни содржини ќе бидат достапни само за членовите на МАКО СИГРЕ или за регистрираните корисници. Регистрираните корисници за некоја од конференциите на МАКО СИГРЕ можат да се најават на веб порталот на МАКО СИГРЕ со постојното корисничко име и лозинка.

Новите корисници можат да се регистрираат преку следната врска.

Ве молиме доколку имате проблеми или забелешки во врска со информациите и изгледот на порталот да се обратите до Секретаријатот на МАКО СИГРЕ или до webmaster@mako-cigre.org.mk.