www.mako-cigre.org.mk
МАКО СИГРЕ
ЗА НАС »
ВРСКИ »
НОВОСТИ »
ОРГАНИЗАЦИЈА »
СОВЕТУВАЊА »
МАКО СИГРЕ

Добредојдовте во МАКО СИГРЕ

Од 1 септември 2001 година МАКО СИГРЕ е присутен на WEB. Се надеваме дека на овој начин комуникацијата со членовите и сите други заинтересирани ќе биде уште подобра.

Со оглед дека наближува одружувањето на 3. Советување, главниот акцент при спремањето на web-презентацијата е ставен на информациите сврзани со Советувањето. Засега, поради ограничениот простор на web-серверот, покрај основните информации, на располагање ги имате само извештатите од стручните известители.

Веднаш по завршувањето на 3. Советување ќе бидат направени напори на web site-от да бидат расположиви значително повеќе информации од претходните советувања и воопшто за активностите на МАКО СИГРЕ во иднина. Во рамките на тие активности се планира да се воведе e-mail листа на заинтересирани корисници коишто ќе можат на време да ги добиваат сите информации во врска со идните активности на домашен и меѓународен план.

Покрај тоа, за членовите на МАКО СИГРЕ се предвидуваат определени привилегии како на пример: download на трудовите од претходните советувања и слично.

Ве молиме доколку имате било какви забелешки во врска со информациите и изгледот на овој web site да се обратите до Секретаријатот на МАКО СИГРЕ или до webmaster@mako-cigre.org.mk.

Ви благодариме за посетата


Спонзор и
web hosting

ON NET & NextSense
 
За забелешките и сугестиите испратете e-mail ©2001 МАКО СИГРЕ